Симонс и Филаделфија во војна: Попрво ќе ја прекинам кариерата, отколку да играм за нив!

421

Сагата околу НБА кошаркарот Бен Симонс и неговиот се уште актуелен клуб Филаделфија 76ерс нема крај. Австралиецот, кој се приклучи на тимот како прв пик на драфтот во 2016 година, ја објави својата намера да го напушти клубот. Тој сега вели дека попрво би ја завршил кариерата и би паузирал без разлика до кога, отколку да се врати и повторно да игра за Филаделфија, пренесува американски ЕСПН.

Симонс сака нов клуб и се закани дека во спротивно нема да биде на паркетот во сезоната 2021/22. Засега, ниту еден од тимовите во НБА лигата не сака да се меша во спорот меѓу кошаркарот и Филаделфија и не понуди евентуална размена за Симонс.

Договорот на 25-годишниот кошаркар со тимот трае уште четири години и вреди 147 милиони долари.

ПретходноПовредата се усложни: Карвахал ќе мора да одмара уште околу еден месец
СледноЖестоки пресметки на фановите на Олимпик и Галатасарај, настрадаа тројца полицајци (ВИДЕО)