Суарез откри што му порачал Меси додека биле на одмор

1265

Трансферот на Лионел Меси во ПСЖ од Барселона минатото лето беше еден од најголемите во историјата на фудбалот. Аргентинскиот напаѓач го постигна првиот гол во Лигата на шампиони и тоа против Манчестер Сити.

Меси е тема која никогаш нема крај. Во јавноста излегоа детали, за плановите на еден од најдобрите фудбалери во светот, а истите ги откри Луис Суарез.

Во разговор за „Diario Sport“, тој вели дека е изненаден што Меси заминал.

„Многу ме изненади неговото заминување, бидејќи се беше подготвено да остабе. Изгледаше среќно кога бевме заедно на одмор. Ми рече дека кариерата ќе ја заврши во Барселона, нешто што го сакаше од секогаш, бидејќи клубот направи многу за мене. Најважно му беше што неговите деца уживаа таму. Наеднаш дојде до промени, како во час и пол да ја промени својата одлука“, откри Суарез. 

ПретходноТричковски растура, два гола во 48. минути (ВИДЕО)
СледноМакедонецот во фантастична форма, дербито во Кипар за АЕК Ларнака (ВИДЕО)