Двајца македонски голмани се најдоа во изборот на ЕХФТВ за најдоброто од 3. коло во Лигата на шампиони.
„Круната“ му припадна на Никола Митревски. Македонскиот репрезентативец е причината поради која Порто го запиша вториот триумф сезонава. Во самиот финиш на гостувањето кај Динамо Букурешт одбрани удар за голема радост во редовите на португалскиот првак. Мечот го заврши со девет интеревенции.
Второто место на оваа Топ 5 листа оди кај Борко Ристовски. Во првиот меч во Лигата на шампиони запиша 16 интервенции, а двојаната против Алборг се најде меѓу најдобрите. Вардар дојде до втората победа и со едно реми, е еден од двајцата непоразени тимови по 3. коло во Лигата на шампиони.
Најдобрите пет одбрани, вклучувајќи ги на Митревски и Ристовски можете да ги видите на следниот ЛИНК.