Гури блеска, Шкендија конечно покажа зошто е шампион!

422

Синдрит Гури, искусниот офанзивен интернационалец од Албанија, покажа зошто Шкендија го доведе. Блескав настап на Гури, ги постигна првите два гола во дресот на Шкендија во ПМФЛ и докажа дека ќе биде големо засилување за тимот на Бруно Акраповиќ.

Шкендија очекувано немаше некои поголеми проблеми против Борец попладнево под Шара.

Уште по првите 45.минути имаше водство, со двата гола на споменатиот Гури, стрелаше и Љупче Дориев.

Па така во вториот дел Шкендија одигра рутинирано, а немаше ни поголема потреба за да и натаму „притиска“.

Тие 3:0 беа сосема доволни за три бода.

Конечно Шкендија покажа зошто е актуелен шампион.

ПретходноСалернитана со прва победа, ги совлада Џенова и Пандев (видео)
СледноДортмунд им се врати на победите, Херта продолжи да тоне