Димитријевиќ одличен, Валенсија прокнижи втора победа

156

Валенсија и Нено Димитријевиќ ја остварија и втората победа во новата сезона на шпанската Лига Ендеса. Вечерва на гостувањето кај Сарагоса, Валенсија предводена од нашиот репрезентативец успеа да ја оствари и втората победа (76-70), откако имаше континуирана предност во текот на целиот меч.

Гостите дозволија да ја загубат резултатски само третата четвртина, а се останато беше во нивна полза. Димитријевиќ беше стартер за гостите и за близу 24 минути на паркетот постигна 16 поени (4/8 за 2, 0/1 за 3 и 8/8 од слободни фрлаеа). Пред него со 19 поени во составот на Валенсија беше само Дубљевиќ.

ПретходноДробаров „стрелаше“ против Арда за триумф на Черно Море (ВИДЕО)
Следно„Нероаѕурите“ со пресврт славеа кај Сасуоло (ВИДЕО)