Дробаров „стрелаше“ против Арда за триумф на Черно Море (ВИДЕО)

132

Влатко Дробаров дефинитивно е најдобриот поединец на тимот на Черно Море сезонава. Покрај тоа што е незаменлив на стоперската позиција, и игра стандардно во одбрана, очигледно дека е способен спорадично да носи бодови не само со дефанзива туку и со голови.
Како на пример денеска, на гостувањето кај Арда каде што погоди во триумфот за 0:3. Прекрасен удар со глава со кој го најави гостинскиот триумф на тимот на Черно Море и освојување на нови бодови со кои тимот се држи блиску до врвот на табелата.

ПретходноСимонс ќе се прави повреден само за да добие плата од Филаделфија?
СледноДимитријевиќ одличен, Валенсија прокнижи втора победа