И по осум кола екипата на Леванте нема триумф во Ла Лига. Неочекувано екипата за која настапува македонскиот репрезентативец Енис Барди не може да триумфира во новата сезона, по осум кола се уште нема победа. Денеска изгуби од Мајорка со 1:0 и засега има скор од четири ремија и четири порази на 17 место на табелата.
Со тоа го повтори ефектот од сезоната 2007/08 кога исто така немаа победа по првите осум кола, но тогаш беа полоши, само еден освоен бод и седум порази. Таа сезона завршија последни и испаднаа во Сегунда.
Идното коло, на 17 октомври Леванте ќе игра дома со Хетафе па ете шанса да се поправи впечатокот.