Кошаркарот на Филаделфија, Бен Симонс, кој претходно одби да дојде на тренинг кампот на тимот во пресрет на новата сезона, по се изгледа ќе се премисли, само за да може да си добие плата според договорот со тимот.
Според дел од американските медиуми, Симонс најверојатно ќе се појави на тренинг кампот на тимот, но нема да тренира со изговор дека има повреда. Симонс имаше просек од 14,3 поени, 7,2 скока и 6,9 асистенции во регуларниот дел од сезоната 2020/2021. Во текот на следната сезона, Австралиецот ќе заработи 33 милиони долари од договорот со Филаделфија, но тој упорно бара трејд кој неговиот сегашен клуб не сака да му го овозможи. Договорот на Симонс со„76-ките“ е заклучно со 2025 година.