Алкалоид со нова победа, постигна 51 гол против Астраион

229

Трет меч и трета победа на ракометарите на Алкалоид денеска во Првата лига. Момците на тренерот Љубомир Савевски немаа милост кон тимот на Астраион и успеаја да го победат со 51-20 (19-9).

Гостите од Струмица како така се “држеа“ само по почетната фаза од средбата, но по тие 16-5 се надзираше убедливата победа на фаворитот. На пауза се замина со водство на Алкалоид од 19-9.

Потоа следуваше канонада од акции и голови на момците на Савевски, буквално ја казнуваа секоја грешка на гостинската екипа.

Најдобар стрелец во тимот на Алкалоид беше Александар Стојков со 11 голови, додека по седум постигнаа Божидар Илиески и Дарио Кофилоски.

ПретходноТричко за “Спортмедиа“: Уживам во головите, уживам тука во АЕК Ларнака…
СледноЛапорта објави: Куман останува, без разлика на исходот од мечот со Атлетико!