Алтипармаковски: Чуден меч, Струга ТЛ ја имаше играта а Брегалница шансите и победата!

403

Марјан Алтипармаковски одново е херојот на Брегалница. Штипските „сини“ попладнево ја победија Струга Трим Лум со 1:0, и токму со голот на популарниот Маца, кој до пред некој месец беше член на струшкиот прволигаш.

Битолчанецот по мечот за “Спортмедиа“ изјави.

Секако дека сум задоволен, од голот, од победата. Генерално ова беше по малку и чуден меч. Реално гостите ја имаа играта, но имавме неколку шанси, имавме и зицери што се вели. Постигнавме и гол, многу рано, и тоа беше доволно за победа. На крајот Струга Трим Лум имаше зицер, ја погодија и стативата, сепак сметам дека ова е заслужена победа на Брегалница“ истакна Алтипармаковски кој полека но сигурно станува миленик на штипската публика.

ПретходноУбедлива рехабилитација на Е.Пелистер, Радовиш го „наполни“ со 42 гола
СледноБојана Пешовиќ е европски кадетски шампион во кати