Во бугарското првенство Ботев Враца и Локомотив од Софија одиграа 2:2, а домашните имаа водство од 2:0 но на крајот мораа да се задоволат само со реми. Првиот гол за Ботев го постигна македонскиот интернационалец Доријан Бабунски.
Првото полувреме заврши со 2:2, а домашните во финишот останаа со двајца фудбалери помалку.
За Бабунски тоа е четврти гол сезонава за Ботев Враца.