Бензема го потврди големиот трансфер за следната сезона

1198

Карим Бензема за Л’Екип потврди дека Килијан Мбапе ќе направи трансфер во редовите на Реал Мадрид.

Францускиот фудбалер ова лето беше близу, но ПСЖ сакаше да го задржи по секоја цена, па следното лето тој ќе може да си замине како слободен играч.

„Килијан Мбапе ќе заигра за Реал Мадрид. Не знам кога, но знам дека ќе дојде. И тој самиот го кажа тоа“, откри Бензема.

Шансите да дојде во Реал Мадрид се многу мали, ПСЖ сака да ја нападне титулата во Лигата на шампиони, и секако да се обиде да го предомисли, што пак во овој момент се чини невозможно.

Најреално сценарио е дека Мбапе на 1. јули како слободен играч ќе дојде во Реал Мадрид.

ПретходноКлисман Цаке: Струга ТЛ има квалитет, во Штип можеме до позитивен резултат!
СледноВлатко Костов: За Тиквеш во Битола и реми нема да биде лошо!