Стоперот на Ливерпул, Вирџил Ван Дајк за англиските медиуми изјави дека сеуште не ја достигнал правата форма и дека во моментов работи на тоа.
За потсетување тој паузираше голем период поради повредата на коленото, и неговата рехабилитација траеше речиси една година.
Сепак, тој сега е во ред и ги одигра сите мечеви за Ливерпул сезонава.
“Се уште не сум во врвна форма. Се чувствувам добро физички и на терен. На сите им е јасно дека по повредата на коленото и долгото отсуство треба време за да се вратите во правата форма. Сепак, на секој телото му е различно, секое колено е различно и закрепнувањето на секоја личност е различно. Задоволен сум од мојот напредок, но сеуште не сум во топ форма – “, рече Ван Дајк во интервју за клупската веб -страница.
Ливерпул викендов го игра големото дерби против Манчестер Сити утре со почеток од 17:30.