По блескавата партија со Алборг во Лигата на шампионите, Вардар ја продолжи победничката низа и во домашниот шампионат. На дербито со Бутел на гостински терен, „црвено-црните“ славеа со сигурни 34:27, иако домаќинот успеа да му даде достоен отпор на шампионот во текот на целиот меч.
Со комбиниран состав, Вујовиќ успеа да ги мотивира играчите и да дојде до посакуваниот триумф. Во составот на „вардарци“ се врати и рековалесцентот Кудуз.
Дибиров со 7 гола беше најефикасен кај Вардар, додека Пуљизовиќ постигна исто толку голови за Бутел.