Денеска на програмата се пет натпревари од петото коло од Супер-лигата. По четири одиграни натпревари, Вардар 1961 е единствениот тим без пораз во ова друштво, го доби едно од четири дерби со Е.Пелистер и засега оваа позиција останува сигурна, секако доколку не се случи некое изненадување.
Актуелниот македонски првак му гостува на Бутел Скопје (19 часот), па како што најави тренерот Веселин Вујовиќ треба да го сменат „чипот“. Токму според него Бутел е најголемиот предизвик, поради правилото за странски играчи, составот мора да се менува, што пак, чудно но вистинито им паѓа на „црвено-црните“.
Е.Пелистер по поразот од Скопје го чека лесен меч, одличен за рехабилитација, на домашен терен го пречекува Радовиш во 16 часот. Два часа подоцна, Пролет е домаќин на Тиквеш, додека во терминот од 18:30 часот Охрид игра против Скопје, а најпријатното изненадување по првите 4. кола Е.Пелистер 2 е гостин на Прилеп.
Утре Металург го пречекува тимот на Струга во последниот меч од петата рунда.