Влатко Костов: За Тиквеш во Битола и реми нема да биде лошо!

248

По убедливиот триумф на своето деби на клупата на Тиквеш минатата недела, Влатко Костов и неговиот тим попладне од 15 часот му гостуваат на Пелистер. Тим кој што полека но сигурно, од меч во меч игра се подобро.

Сепак и кавадарчани понесени од триумфот над “лавовите“ со 3:0, секако дека ќе сакаат да дојдат до добар резултат.

За “Спортмедиа“ свој коментар за денешното гостување во Битола има стратегот на Тиквеш, Влатко Костов.

“За Тиквеш ова ќе биде тешко гостување. Формата на Пелистер од коло во коло оди во нагорна линија. Сите видовме како битолчани одиграа на последните два меча со силните А. Пандев и Работнички,кога и на двата меча останаа непоразени. Го респектираме домашниот тим, но ние ќе се обидеме да го извлечеме максимумот од себе денеска под “Тумбе Кафе“. За нас и реми во Битола нема да биде лошо. На крај да кажам дека на денешниот меч не можам да сметам на Урош Мирковиќ поради повреда“ истакна Костов.

ПретходноБензема го потврди големиот трансфер за следната сезона
СледноОбрадовиќ ја одби Русија поради парите од Звезда