Европскиот шампион Италија ќе ја нема помошта на Чиро Имобиле за Фајнал фор турнирот во Лигата на нациите идната недела. Во порака преку социјалните мрежи голгетерот на Лацио потврди дека е повреден со што нема да може да и помогне на Италија на завршниот турнир на ЛН. Италија на „Сан Сиро“ во Милано ќе ја пречека Шпанија во полуфиналето, а доколку победи ќе игра во финалето на 10 октомври со подобриот од Франција-Белгија (тој меч се игра во Торино).
Foto> Twitter