Каков ден за мак-судии: Браќата Митровски испишаа европска историја

728

Македонските судии со знакот на ФИБА, Зоран и Игор Митровски ќе останат запишани во историјата на европските кошаркарски натпреварувања како први браќа кои ја делеле правдата на еден официјален натпревар на ФИБА.

Овој историски момент се случи синоќа, во Софија, на средбата Ираклис-Трефл-Сопот. Последна, финална од квалификацискиот турнир од групата „Б“, за пласман во групната фаза од ФИБА Еврокупот.

На оваа средба, која патем речено заврши со минимална победа на тимот од Грвиција, друштво им правеше турскиот арбитар Мехмет Сахин, додека во уоога на делегат беше Србинот Драгутин Илиќ.

ПретходноТајсон ја одреди цената за битката против браќата Пол
СледноПМФЛ: “Лавовите“ против забревтаната Ренова, Шкендија сака “лесни“ три, “пандевци“ на Автокоманда!