Денеска од 15 часот, во меч од 9.коло во ПМФЛ, екипата на Струга Трим Лум ја чека незгодно гостување под Исарот, каде ќе мора му се спротистави на домашниот состав на Брегалница.
Тоа ќе биде меч во кој силите ќе ги одмерат две квалитетни екипи, екипи кои ја посакуваат победата и трите бода.
Клисман Цаке, дефанзивецот на Струга Трим Лум во пресрет на денепшниот меч изјави…
“Секако дека ја знаеме важноста на овој натпревар и за двете екипи. Познати се квалитетите на Брегалница, посебно кога игра дома и затоа го респектираме противникот. Според мене Струга Трим Лум има квалитет со кој може во Штип да дојде до позитивен резултат. Ние сме една група која создаде систем на игра која ни одговара. Добро знаеме што сакаме како тим, како поединци“ истакна Цаке,еден од најдобрите дефанзивци во ПМФЛ.