Лазаров немаше свој ден, Нант освои само бод

82

По две победи, Кире Лазаров и неговиот Нант вечерва одиграа само нерешено, 27:27 на гостувањето кај Ексе во меч од 4. коло на францускиот ракометен шампионат.

Лазаров одигра добар дел од натпреварот, но имаше слаба реализација. Нашиот капитен и селектор реализираше само еден од деветте обиди од игра, но постигна и еден гол од седум метри, за конечен ефект од 2 гола во дресот на Нант.

Нант по четири кола има две победи и по едно реми и пораз доволни за моментален пласман на 6. место на табелата.

ПретходноДобри вести за Рома и Мурињо, капитенот го продолжи договорот
СледноСимонс ќе се прави повреден само за да добие плата од Филаделфија?