Лапорта објави: Куман останува, без разлика на исходот од мечот со Атлетико!

107

Хоан Лапорта, првиот човек на Барселона, денеска објави дека Роналд Куман и натаму ќе биде шеф на стручниот штан на каталонската гордост, и тоа без разлика што ќе направи тимот на вечерашното дерби во Мадрид, каде на “Ванда Метрополитано“ Барса игра против Атлетико Мадрид, шампионот во Ла Лига.

Е, сега дали навистина тоа е конечна одлука на Лапорта, или пак сака ја го отстрани притисокот од тимот во пресрет на вешерашниот меч.

Роналд Куман останува тренер на Барселона, и тоа без разлика на исходот од мечот со Атлетико Мадрид. Тој е легенда на клубот и заслужува доверба. Јас го почитувам зошто дојде во клубот во еден тежок период. Роналд ја сака Барселона, веруваме во него, веруваме во тимот. Посебно и кога повредените ќе се вратат“ беа зборовите на Лапорта.

ПретходноАлкалоид со нова победа, постигна 51 гол против Астраион
СледноВАР го спаси Јунајтед од пораз на дербито со Евертон!