Роналд Куман наскоро треба да влезе во историјата на Барселона. По дуелот со Атлетико раководството треба да муврачи отказ и покрај тоа што истиот ќе го чини многу во време на финансиска криза.
Во медиумите кружат најразлични имиња за наследникот на Куман на клупата на каталонскиот гигант. По Прило, Мартинез и Чави Хернандез, во јавноста излезе уште една комбинација.
Станува збор за легендата на Реал Мадрид, Хозе Марија Гутјерес – Гути, кој не крие дека би прифатил да го води клубот.
„Зошто да не? Секој тренер сака да тренира за да покаже што знае и да ги научи другите нешто ново. Немам проблем да ја водам Барселона“, изјави Гути за „Partizado COPE“.
⚪️🟣 @GUTY14HAZ en @ellarguero, sobre su candidatura a entrenar al Barcelona
💥 “Nunca iría al Barcelona. Tienen un lío grande y como para meterse ahí…”
💣 “Disfruto viendo al Barcelona perder” pic.twitter.com/HP3hNhgqDa
— El Larguero (@ellarguero) October 1, 2021
Гути дресот на Реал го носеше од 1999 до 2010 година, одигра 542 меча и постигна 77 голови.