Лемар ја „начна“, Суарез и пресуди: Атлетико (М) ја „преслуша“ Барса (ВИДЕО)

283

Актуелниот шпански шампион, Атлетико (М) и го нанесе првиот пораз на Барселона во Ла Лига во големото дерби на 7. коло. Вечерва на „Ванда Метрополитано“, Атлетико беше подобар тим од Каталонците и сосема заслужено ги освои трите бода.

Лемар го отвори резултатот со еден прекрасен гол во 23. минута, а пред самиот крај на првото полувреме, Луис Суарез како да го запечати триумфот на домашните, иако имаше да се игра уште цело полувреме.

Барселона се обиде во вториот дел да наметне своја игра, но не успеа да најде начин да го совлада одличниот Облак. Атлетико со оваа победа се израмни со по 17 бода со Реал (М) на чело на тебалата, со тоа што „кралевите“ својот меч од ова коло го играат утре.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Претходно„Нероаѕурите“ со пресврт славеа кај Сасуоло (ВИДЕО)
СледноБаркли прогнозираше кои три тимa ќе се борат за НБА титулата во новата сезона