ПМФЛ: „Лавовите“ се спасија од пенал, “сино“ славје во Штип, Шкендија конечно убедлива…(ВИДЕО)

891

Завршија петте мечеви од 9.коло во ПМФЛ. Дербито се игра утре и тоа на Чаир, се среќаваат Шкупи и Работнички.

Со гол и тоа од пенал во 87.минута на Ермедин Адем, Македонија ЃП се спаси од пораз против Ренова. “Гипсарите“ имаа водство со голот на Серафимовски во 56.минута, и кога се чинеше дека “гипсарите“ ќе ја продолжат победничката серија, сепак реми со 1:1 на крајот од овој меч.

Шкендија и повеќе од убедлива со Борец. Конечно првакот покажа што знае, барем во првиот дел. Деби голови на Гури, стрелаше и Дориев, а над него беше направен и пенал.

Значајни три бода за Шкендија во потера по водечките на табелата.

Очекувано тврдо беше на Автокоманда. Скопје и А. Пандев одиграа 0:0, имаше шанси на двете страни, Кировски може да жали што не им донесе победа на “пиратите“.

Брегалница со голот на Алтипармаковски ги освои трите бода против Струга Трим Лум. Имаа “сините“ уште шанси за поубедлив триумф но овие 1:0 носат три големи бода за четата на стратегот Марјан Секуловски. Да кажеме дека Кочовски во 93.минута ја погоди стативата.

Без голови заврши и во Битола, каде под “Тумбе Кафе“ се играше со цел да не се загуби во дербито на дното.

РЕЗУЛТАТИ – 9.КОЛО

БРЕГАЛНИЦА – СТРУГА ТЛ 1:0

(Алтипармаковски 5./)

СКОПЈЕ – А.ПАНДЕВ 0:0

МАКЕДОНИЈА ЃП – РЕНОВА 1:1

(Адем (п) 87./В. Серафимовски 56.)

ПЕЛИСТЕР – ТИКВЕШ 0:0

ШКЕНДИЈА – БОРЕЦ 3:0

(Дориев 5., Гури (п) 12., 39./)

ШКУПИ – РАБОТНИЧКИ (УТРЕ)

MAKEДОНИЈА ЃП – РЕНОВА 1:1

ПретходноЦицмиловиќ: Беса е добар тим, сепак Воска Спорт и на овој меч ќе оди на победа
СледноСалернитана со прва победа, ги совлада Џенова и Пандев (видео)