Полувреме: Алтипармаковски носи водство за “сините“, Шкендија го “толчи“ Борец…

239

Завршија првите полувремиња на петте попладневни средби од 9.коло во ПМФЛ. Брегалница во Штип, со голот на Марјан Алтипарнаковски уште во 5.минута води против Струга Трим Лум. Интресно, битолчанецот до пред некој месец играше токму за стружани.

Во Тетово, Шкендија води со 3:0 против Борец. Изгледа дека шампионот конечно се разигра, па така со двата голови на Синдрит Гури, од кој едниот од пенал, инаку деби голови, и на Дориев, тетовци имаат сигурно водство.

На останатите попладневни мечеви, Скопје – А. Пандев, Македонија ЃП – Ренова и Пелистер – Тиквеш нема голови.

Дербито на колото меѓу Шкупи и Работнички се игра утре во 15 часот.

ПретходноКФСМ организатор на две европски првенства!
СледноСензација на стартот: Феникс ја урна Академија ФМП во дебито