Роналдо фрустрирано го напушти „Олд Трафорд“ лут на Солскјер (ВИДЕО)

747

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед денеска ремизираа на домашен терен против Евертон (1:1) во натпревар од седмото коло во Премиер лигата, а во фокусот остана Кристијано Роналдо додека  го напушташе теренот. Португалската ѕвезда не можеше да скрие колку е разочаран и од резултататот и од фактот што го започна натпреварот од клупата, што беше изненадување за навивачите на Јунајтед. Тој доби шанса во последните 30 минути од средбата, но овој пат не успеа да постигне нов гол и да донесе победа за својот тим.

Додека одеше кон тунелот, камерите го снимија Роналдо, кој не ја криеше својата фрустрација поради денешниот резултат. Англиските медиуми веднаш почнаа да шпекулираат дека Роналдо бил многу лут што Солскјер го остави на клупата на денешниот натпревар.

ПретходноВардар ја продолжи победничката низа, рутински совладан и Бутел
СледноДобри вести за Рома и Мурињо, капитенот го продолжи договорот