Интересен вовед на новата кошаркарска сезона дадоа дебитантот Феникс 2010 и Академија ФМП. Иако избраниците на Денис Дервишевиќ се нови во прволигашкото друштво, сепак испратија порака дека ќе бидат незгоден противник. Потврда за ова дојде во финишот на мечот, славеа со 70-68 и на најдобар можен начин почнаа да ја пишуваат својата прволигашка страница.
Мечот го отворија со 14-6, до пред самиот крај на првата четвртина држеа ритам, по што гостите со серија од 9-0 се вратија и поведоа со 18-23. Домаќинот не се предаде напротив, одново загризе и на средината на вториот период, дојде до највисоки плус 9 (33-24). На одморот позитивата беше симната на 37-32.
Академија ФМП тешко наоѓаше против игра за мотивираниот дебитант, па дуелот влезе во неизвесна завршница, се играше за кош за кош. На една минута до крајот, Феникс со тројка поведе со 68-65. Гостите не реализираа два напади, дабитантот погоди само едно слободно фрлање, по што Академија со тројка намали на 69-68, но немаше време за нешто повеќе.