Убедлива рехабилитација на Е.Пелистер, Радовиш го „наполни“ со 42 гола

89

По поразот од Вардар 1961 во минатото коло, Е.Пелистер брзо им се врати на победите во Супер-лигата. Битолчани максимално ја оправдаа фаворитската улога против Радовиш, го совладаа со убедливи 42-22 за четврта победа оваа сезона.

Уште на стартот на овој дуел беше познато крајното сценарио, по водството на битолчани од 8-3. На полувремето позитивата беше девет гола за домаќинот (19-10), кој не се штедеше, веднаш на стартот на вториот дел дојде до двоцифрени 20-10.

До крајот избраниците на Жељко Бабиќ доминираа на теренот, без проблем го приведоа овој дуел во своја корист.

Граџан со 8 гола и Мораше со седум беа лидери во таборот на Е.Пелистер, каде четири погоди имаше Танкоски. Кај гостинскиот состав Вујниќ имаше осум погодоци.

ПретходноБабунски стрела за Ботев во ремито со Локомотив (видео)
СледноАлтипармаковски: Чуден меч, Струга ТЛ ја имаше играта а Брегалница шансите и победата!