По двата порази од Вардар и Силекс, Воска Спорт во минатото коло одново им се врати на победите. Совладан беше составот на Велешта со 4:0, па затоа сите во клубот од Охрид пред утрешното гостување кај Беса во Гостивар, гледаат оптимистички.
Инаку ова е натпревар од 6.коло во ВМФЛ – ЗАПАД.
Раде Цицмиловиќ, тренерот на Воска Спорт за „Спортмедиа“ во пресрет на утрешниот меч со Беса има свое видување…
“Беса е добар тим, но Воска Спорт како и на секој натпревар во оваа сезона, и во Гостивар, ќе оди на победа. Ги сакаме тие три бода, сепак реков дека максимално го респектираме нашиот противник. Морам да признам дека во првите пет кола имавме навистина тежок распоред. Најголемиот дел од мечевите ги игравме на гости, така сакаше распоредот. Сега работите се вртат во наша полза. Имено од девет натпревари дури седум ќе ги играме на домашен терен и тука ја гледам нашата шанса да направиме серија од победи. По мечот со Беса ќе има пауза, и истата ќе ја искористиме максимално да ги отстраниме сите недостатоци во нашата игра“ заврши Цицмиловиќ.