ВАР го спаси Јунајтед од пораз на дербито со Евертон!

109

Во меч од 7.коло во Премиер – лигата, попладнево Манчестер Јунајтед ремизираше на својот “Олд Трафорд“ против Евертон со резултат 1:1. Интересно, “карамелите“ постигнаа гол во 85.минута за победа од 2:1, но сепак ВАР одлучи дека имало офсајд па со тоа и со спаси од пораз домашниот тим.

Инаку Јунајтед поведе со 1:0 со голот Марсијал во 43.минута по додавањето на Бруно Фернандеш.

Во вториот дел гостите од Ливерпул одиграа навистина квалитетно, и заслужено израмнија во 65.минута преку Таунсенд за конечни 1:1.

Треба да се каже дека ова дерби Кристијано Роналдо на чудење на фановите го започна од клупата. Интересно беше да се види како тој реагира на водството на својот тим. Сепак Оле Гунар Солјскјер во 57.минута го стави во игра Португалецот на местото на Кавани.

Сепак и Кристијано не помогна Јунајтед да победи и да освои три бода.

ПретходноЛапорта објави: Куман останува, без разлика на исходот од мечот со Атлетико!
СледноКФСМ организатор на две европски првенства!