Дортмунд им се врати на победите, Херта продолжи да тоне

81

По поразот од Борусија Менхенгладбах екипата на Борусија Дортмунд се врати на победничкиот курс, а денеска, во рамките на 7.коло на Бундес лигата е совладата екипата на Аугзбург со 2:1. По првото полувреме резултатот беше 1:1 со тоа што Гереиро од пенал ги доведе „милионерите“ во предност, а изедначи Зекири во 35. минута.

На почетокот на второто полувреме Јулијан Брант погоди за победа на Борусија.

А Херта го впиша вториот пораз по ред и петти севкупно сезонава. По оние 0:6 против Лајпциг, денеска берлинци изгубија дома од Фрајбург со 1:2. Линхарт погоди за Фрајбург во првиот дел, во 70. минута изедначи Пјонтек, а осум минути подоцна Нилс Петерсен ја обезбеди победата за гостите.

Штутгарт го победи Хофенхајм со 3:1 (Кемф 18’, Мавропанос 60’, Масимо 81’ – Брун Ларсен 84’), додека Волфзбург изгуби дома од Борусија Менхенгладбах со 1:3 (Валдшмит 25’ – Емболо 5’, Хофман 7’, Скали 90’+5’).

Од 18:30 играат Лајпциг – Бохум.

 
FOTO> twitter.com/BVB

ПретходноГури блеска, Шкендија конечно покажа зошто е шампион!
СледноБабунски стрела за Ботев во ремито со Локомотив (видео)