Дојде и такво време, Работнички се „тресеше“ до самиот крај против МЗТ Скопје 2

210

Работнички убаво се намачи во првото коло од новата сезона во Првата лига. Најтрофејниот кошаркарски колектив беше гостин на вториот тим на МЗТ Скопје, славеше со 78-85.

Малите „штркичиња“ му создаваа проблем на поискусниот противник, не му дозволија лесно да се замине со целиот плен, избраниците на Тони Симиќ се тресеа до самиот крај.

Емерсон имаше 21 поен и 7 скока, зад него беше Горјан Марковски со 15 и 9 скока. На другата страна Рансон имаше 21 поен, Петровски 18.

Домаќинот во првата четвртина имаше позитива од шест поени (8-2), а истата заврши нерешено 23-23. Во следниот период кошаркарите на Работнички зедоа залет, па дојдоа до двоцифрени 33-43, на одморот беше 38-45.

Гостите успеаја да одржуваат пристојна предност и во третата четвртина. И наместо полесна завршница, во 35. минута, МЗТ Скопје 2 во серија од 7-0 се доближија на 75-76 за драма на дуелот.

Марковски го прекина налетот на противникот, реализираше четири поени (75-80) во хаосот кој настана на теренот, тој најдобро се снајде. На другата страна, МЗТ Скопје 2 не искористи три напади за целосен пресврт.

Рансосн со два плус еден поен ја врати неизвесноста (78-80) на 30. секунди до крајот. Емерсон положи за важен чекор кон триумфот. Неискуството на МЗТ Скопје 2 на крајот го реши победникот, една неспортска лична го спаси Работнички од драми, па можеби од пораз.

ПретходноВернер погоди, а Челзи го победи Саутемптон и привремено е лидер (Видео)
СледноЛеванте по 8 кола нема победа, го повтори лошиот скор од пред 14 години