„Нероаѕурите“ со пресврт славеа кај Сасуоло (ВИДЕО)

154

Интер со пресврт во второто полувреме, ја запиша својата петта сезонска победа во Серија А и остана зад Наполи на втората позиција на табелата по некомплетното седмо коло. Момците на Симоне Инзаги вечерва славеа со 2:1 на гостувањето кај Сасуоло, во меч со две сосема различни полувремиња.

Агилните домаќини со погодокот на Беради од пенал ги добија првите 45 минути, но по паузата, Интер се врати крајно мотивиран и во периодот од 58. до 78. минута успеа со два гола да го сврти текот на мечот.

Наппрво Џеко во 58. минута погоди со глава за 1:1, а откако во 77. минута врз него беше направен и пенал, Лаутаро Мартинез го реализираше за водство на гостите од 2:1.

Standings provided by SofaScore LiveScore

ПретходноДимитријевиќ одличен, Валенсија прокнижи втора победа
СледноЛемар ја „начна“, Суарез и пресуди: Атлетико (М) ја „преслуша“ Барса (ВИДЕО)