Саша Обрадовиќ, некогашниот тренер на Црвена Звезда ја одби понудата да биде предводник на националниот тим на Русија.
Според тамошните медиуми причината за ваквиот потег е платата која и натаму ја зема од „црвено-белите“ поради предвременото раскинување на договорот. Од Русија му нудат 100.000 евра годишно, сума која е премала во споредба со она што го зема од Црвена Звезда.
Доколку ја прифати таа понуда треба да се откаже од другите примња. Обрадовиќ во декември минатата година се раздели со „црвено-белите“, само по неколку месеци откако потпиша тригодишен договор.
ФОТО: Црвена Звезда