ПМФЛ: “Лавовите“ против забревтаната Ренова, Шкендија сака “лесни“ три, “пандевци“ на Автокоманда!

208

Викендов се играат мечевите од 9.коло во ПМФЛ. Потоа следува двонеделна пауза поради октомвриските обврски на нашите репрезентации.

Дербито на колото се игра утре, се среќаваат Шкупи и Работнички на Чаир, но и денеска ќе има супер интересни порволигашки пресметки.

Македонија ЃП е во црна серија која трае ли трае, а денеска “лавовите“ ја дочекуваат “забревтаната“ Ренова, која по традиција игра добро во Ѓорче. Се освен победа за домашниот тим ќе биде лошо, многу лошо за Македонија ЃП.

Ренова пак ќе си ја игра својата игра посакувајќи нова победа и нови три бода.

ЗА ПРВАКОТ СЕ ОСВЕН ПОБЕДА ЌЕ БИДЕ КАТАСТРОФА

И дефинитивно оваа есен Шкендија не покажува шампионска игра, шампионска форма. Само две победи на осумте одиграни мечеви е премалку од тимот кој што треба да “гази“. Денеска под Шара гостува Борец, се освен триумф на составот на Бруно Акраповиќ ќе биде рамно на катастрофа за Шкендија.

А. Пандев како да го загуби ритамот. Веќе два меча нема победа, особено болен беше поразот од Шкупи среде Струмица минатиот викенд. Попладнево “пандевци“ гостуваат на Автокоманда, ова ќе биде тешко, тешко гостување. Скопје по триумфот во Велес минатата недела посакува да врзе две победи по ред.

Брегалница и Струга Трим Лум ќе ги одмерат силите во Штип, ова би требало да биде меч за вистинско уживање,надмудрување на двајца одлични стратези, Секуловски и Захариевски.

Пелистер и Тиквеш во Битола се среќаваат во дербито на дното, натпревар во кој и двете екипи посакуваат да останат непоразени.

ДВОЈКИ ЗА 9.КОЛО – ДЕНЕСКА (15 Ч)

БРЕГАЛНИЦА – СТРУГА ТЛ

МАКЕДОНИЈА ЃП – РЕНОВА

ПЕЛИСТЕР – ТИКВЕШ

СКОПЈЕ – А.ПАНДЕВ

ШКЕНДИЈА – БОРЕЦ

УТРЕ (15 Ч)

ШКУПИ – РАБОТНИЧКИ

ТАБЕЛА

1.ШКУПИ 17

2.РЕНОВА 17

3.РАБОТНИЧКИ 15

4.А.ПАНДЕВ 14

5.СТРУГА ТЛ 13

6.ШКЕНДИЈА 11

7.БРЕГАЛНИЦА 10

8.МАКЕДОНИЈА ЃП 9

9.СКОПЈЕ 8

10.БОРЕЦ 7

11.ТИКВЕШ  5

12.ПЕЛИСТЕР 3

ПретходноКаков ден за мак-судии: Браќата Митровски испишаа европска историја
СледноВардар 1961 го менува „чипот“!