Пролет не си дозволи нов кикс, убедлив против Тиквеш

85

Екипата на Пролет не дозволи да биде одново изненадена, откако тоа и се случи во минатото коло против Е.Пелистер 2. Избраниците на Андон Бошковски имаа падови и денеска, но кога беше најпотребно одиграа најдобро, на крајот дојдоа до убедлив триумф против Тиквеш од 31-25 во рамките на 5. коло во Супер-лигата.

Андоновск со шест погодоци и Голубовиќ со пет го предводеа својот тим до бодовите, кај гостите Темелкоски со седум гола беше прв стрелец на мечот.

Пролет добро влезе во мечот, со четири гола во низа, во првото полувреме од оджруваше предност од три до четири гола, но гостите пред одморот успеаја да намалат на 13-12.

И одново домашниот состав успеа да се издигне и да држи ритам, но кавадарчани најдоа начин на дојдат на минус еден (21-20, 22-21 и 23-22). Во самиот финиш изгубија сила и се помирија со четвртиот пораз сезонава.

На другата страна пак Пролет има еден проаз и четири победи.

ПретходноЛеванте по 8 кола нема победа, го повтори лошиот скор од пред 14 години
СледноЕуро Никел убедливо на стартот, Гостивар „секна“ во последната четвртина