Убава слика на трибините на стадионот под “Тумбе Кафе“ во Битола попладнево. На теренот играа Пелистер и Тиквеш, водеа лута битка за тоа кој ќе победи, но на трибината и двете навивачки групи, “Чкембари“ и “Лозари“ заедно навиваа, и за Пелистер и за Тиквеш.
По мечот фудбалерите на двете екипи отидоа да ги поздрават фановите, секако дека тие ги заслужија сите честитки.
Инаку познато е дека овие две навивачки групи се нарекуваат и братски, поради блискоста меѓу нив.