Можеби условите, стадионот, теренот, и целата атмосфера личи на Лигата на Шампионите, но не, ова е само дуелот од третата Бундес лига помеѓу екипите на Дуизбург и Мепен.
На него викендов го видовме еден од најубавите голови, постигнат од речиси половина терен. Домашниот голман буквално „заспа“ при оваа ситуација, а Полјакот Давид Блаша го искористи тоа. Воедно, ова беше единствениот погодок на овој меч.