Денеска на реновираниот Чаир од 15:00 часот, домашниот тим на Шкупи ќе го пречека Работнички во мечот наречен дерби во рамките од 9.коло од ПМФЛ.
Домаќините се лидери на табелата и јасно е дека ќе одат на победа на секој натпревар, особено ако тој е со предзнак домашен терен. Кире Маркоски некогашниот играч на Работнички, а сега на Шкупи го најавува натпреварот велејќи дека неговиот тим има опција единствено да победи на овој меч.
„Денешниот меч против Работнички ќе биде тежок. Тоа е квалитетен тим, и одигра добро на последните мечеви. Сепак, ние сме 100% фокусирани и мотивирани и одиме по уште една победа сезонава. Уверен сум дека со помошта на нашите навивачи ќе ја оствариме нашата цел и ќе останеме на врвот на табелата“ – изјави Маркоски.