Гоце Седлоски, стратегот на Шкупи има причини да биде задоволен по дербито на 9.коло во ПМФЛ, со оглед на тоа дека неговиот состав успеа со 2:0 да го победи Работнички.
Сега чаирчани се први со 20 бодови, и тоа два повеќе од втората Ренова. Па така во оваа двонеделна пауза ќе ја минат како лидери.
Седлоски, тренерот на победничкиот тим за “Спортмедиа“ по дербито изјави:
„Секако дека сум задоволен. Успеавме рано да го отвориме резултатот, штета што Радески не го реализираше зицерот, ќе беше 2:0 и веројатно ќе беше се готово. Во вториот дел Рботнички десетина минути ја имаше иницијативата, имаше и шанси, но по нашиот втор гол веќе се знаеше победникот. На крајот имавме шанси за и поубедлив триумф. Реков дека сум задоволен, победивме квалитетен состав кој го води мојот пријател и некогашен соработник Александар Влахо“ заврши Седлоски.