Актуелниот првак падна во Битола, Пелистер тргна победнички

224

Дербито на првото коло ги оправда очекувањата, во Битола се одигра меч со бројни пресврти, на крајот како победник излезе Пелистер кој го совлада МЗТ Скопје со 82-79.

И двата тима имаа свои шанси, подобро во последната четвртина се снајде тимот на Марјан Илиевски, кој му се реваншираше на противникот за поразот на домашен терен во полуфиналето на плеј-офот во минатата сезона.

Стајиќ со 23 поени беше прв стрелец, зад него беше Кесар со 16 поени, Трајковски реализираше 12 поени и 10 скока за дабл-дабл учинок. На другата страна Дејвис имаше 21 поен, Милошевиќ 17. На оваа средба не настапија Крстевски и Мекиќ.

Гостите беа подобри во воведните минути, поведоа со 7-12, а до пред крајот на првата четвртина одржуваа позитива од три до четири поени, по што домаќинот серија од 6-0 овој период го заврши во своја корист.

МЗТ Скопје на момент се врати, на двапати поведе на кратко, по што „пелистерци“ влегоа во ритам за највисоки 37-29 во 18. Минута со поените на Младеновски. Робев ги разбуди соиграчите, се надоврза Стојановски, па на одморот беше 37-38.

Актуелниот првак со девет поени во низа дојде до водство од осум поени (39-47, но истото не беше доволно за да се гради победничкиот пат, Пелистер врати, не дозволи мечот да отиде во непосакуван правец, во целата напнатост на теренот, техничка заработи тренерот Илиевски.

На стартот на последните десет минути битолчани го вратија водството. Кесар, Караџовски, Трајковски и Стајиќ, беа најзаслужни за 71-66 во 35 минута. МЗТ успеа да врзе два напади по ред за 73-71, но Стајиќ со две слободни фралања и Трајковски со тројка донесоа позитива од 78-71 на две и пол минути до крајот.

Битолчани направија две грешки, на голема среќа истите не ги чинеа скапо.

ПретходноИван Николов со У21 повик
СледноМеталург преку Струга стави крај на црната низа