Битола се буди: Пелистер го пречекува МЗТ Скопје во дербито на колото

206

Недела е ден за дерби, а главните актери на теренот ќе бидат Пелистер и МЗТ Скопје. Двата најголеми кандидат за шампионската титула, двата нашие претставници во АБА-2 лига уште во првото коло ќе ги одмерат силите.

Минатата сезона нивните мечеви беа возбудливи, но токму последната пресметка во Битола му припадна на актуелниот првак, беше подобар во полуфиналето.

Многу работи се промени од минатата сезона, битолчани дополнително се засилија со репрезентативни имиња, што пак ги прави сериозни кандидат за титулата. На другата страна МЗТ Скопје на дуелот против Работнички во СУперлигата испрати порака дека нема лесно да го даде тронот, шампионските амбиции секогаш се на прво место.

Во Битола денеска (18:30) часот ќе видиме каков тек на сезоната не очекува во месеците што доаѓаат.

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 1. КОЛО

3. ОКТОМВРИ (НЕДЕЛА):

18.30: Пелистер – МЗТ Скопје Аеродром

Сала „Боро Чурлевски“ – Битола

4. ОКТОМВРИ (ПОНЕДЕЛНИК):

17.30: Кожув – ТФТ

Сала „26.април“ – Гевгелија

18.00: Куманово 2009 – Ангели

Сала „Перо Наков“ – Куманово

ПРЕТХОДНО ОДИГРАНИ НАТПРЕВАРИ:

Феникс 2010 – Навико Академија ФМП    70:68

МЗТ Скопје Уни Банка – Работнички    78:85

Еуро Никел 2005 – Гостивар    88:77

ПретходноРамос за десетина дена ќе дебитира во дресот на ПСЖ
СледноГолгетерот на Евертон објасни зошто голот против Јунајтед го прослави во стилот на Роналдо