Болоња го “торпедираше“ Лацио!

119

Во меч од 7.коло во Серија А, денеска Болоња на свој терен успеа да го победи, и тоа повеќе од убедливо, Лацио со 3:0. Во текот на целиот меч момците на Синиша Михајловиќ беа подобри, му дадоа три гола на лутиот ривал а не примија ниту еден, па затоа и апсолутно заслужено ги освоија трите бода на овој важен натпревар за Болоња.

Домаќинот поведе уште во 14.минута преку Бероу, на 2:0 зголеми Теате само три минути подоцна. Конечните 3:0 ги постави Хики во 68.минута.

Сепак треба да се спомене дека Лацио од 76.минута играше со играч помалку поради црвениот картон што го заработи Ачерби.

Сега Болоња има 11 бодови, исто колку и Лацио.

ПретходноПочина Бернард Тапи, човекот кој го направи Олимпик Марсеј европски шампион
СледноРен со “ШЛАКАНИЦА“ за мега – ѕвездите на ПСЖ!