Завршија сите пет мечеви од 6.коло во ВМФЛ – ЗАПАД. Во дербито во Кадино, Вардар со 3:0 успеа да го победи домашниот тим и да покаже дека знае да игра и да победува. Двапати стрелец беше Кристијан Костовски, а во листата на стрелците се запиша и Петар Љамчевски.
Воска Спорт одигра уште една добра партија и успеа да ја победи квалитетната Беса со 1:0 на нејзин терен. Овој меч се играше во Гостивар, инаку победнишкиот гол беше дело на Алиу.
Силекс остана перфектен. И во шестото коло успеа да победи, значи има шест од шест. Попладнево во Кратово домашните триумфираа со 5:0 над составот на Велешта.
Кораби со 2:1 и тоа на гости успеа да го победи Охрид. Домашните водеа со голот на Мазари, но затоа Муча и Мурати во самиот финиш со два гола му донессоа три бода на својот тим.
И во Тетово, Тетекс со 2:1 го совлада Гостивар. Спасовски и Демири, вториот од пенал, беа стрелци за тетовци, додека голот за гостите беше дело на Сунај Хасан, исто од пенал.
РЕЗУЛТАТИ – 6.КОЛО
СИЛЕКС – ВЕЛЕШТА 5:0
БЕСА – ВОСКА СПОРТ 0:1
КАДИНО – ВАРДАР 0:3
ОХРИД – КОРАБИ 1:2
ТЕТЕКС – ГОСТИВАР 2:1
ТАБЕЛА: Силекс 18, Кораби 13, Воска Спорт 12, Тетекс 10, Вардар 8, Беса 7, Кадино 5, Гостивар 5, Велешта 4, Охрид 3.