Денеска се играат и петте натпревари од 6.коло во ВМФЛ – ИСТОК. Единствената екипа која досега нема пораз, а е и лидер на табелата, Каменица Саса, на свој терен во Македонска Каменица го дочекува Кит Го. Амбициите на Саса се јасни, само нови три бода и ништо друго.
Слога Виница пак по поразот од Детонит во минатото коло, сака да се врати на победничките патеки. Задачата ќе биде тешка зошто во Виница гостува Беласица.
Победа е голем фаворит на гостувањето во Градско против Тим Локомотива.
Во останатите два меча Осогово му е домаќин на Детонит, а Братство на Кожуф.
ДВОЈКИ ЗА 6.КОЛО – ДЕНЕСКА (15 Ч)
БРАТСТВО – КОЖУФ
КАМЕНИЦА САСА – КИТ ГО
СЛОГА (В) – БЕЛАСИЦА
ОСОГОВО – ДЕТОНИТ
ТИМ ЛОКОМОТИВА – ПОБЕДА
ТАБЕЛА
1.КАМЕНИЦА САСА 13
2.СЛОГА (В) 12
3.ПОБЕДА 10
4.БЕЛАСИЦА 10
5.КИТ ГО 9
6.КОЖУФ 4
7.ТИМ ЛОКОМОТИВА 4
8.ДЕТОНИТ 4
9.ОСОГОВО 4
10.БРАТСТВО 1