Екипата на Каменица Саса продолжува со одличните игри и победи. Па така попладнево, во меч од 6.коло во ВМФЛ – ИСТОК, момците на Горан Здравков со 2:0 го победија Кит Го и со тоа ја задржаа лидерската позиција на табелата.
Стрелци на головите беа Димоски и Мисердовски.
Слога и Беласица, во Виница одиграа 1:1. За домашните голот беше дело на Иванов во 20.минута, додека Милушев четири минути подоцна успеа да израмни.
Кожуф го победи Братство на негов терен и освои три бода, додека Осогово со 2:1 славеше над Детонит.
Победа ја покажа силата во Градско, каде со 4:1 успеа да ја победи домашната екипа на ТИМ Локомотива.
РЕЗУЛТАТИ – 6.КОЛО
БРАТСТВО – КОЖУФ 0:1
КАМЕНИЦА САСА – КИТ ГО 2:0
СЛОГА (В) – БЕЛАСИЦА 1:1
ОСОГОВО – ДЕТОНИТ 2:1
ТИМ ЛОКОМОТИВА – ПОБЕДА 1:4
ТАБЕЛА: Каменица Саса 16, Победа 13, Слога В 13, Беласица 11, Кит Го 9, Кожуф 7, Осогово 7, Детонит 4, ТИМ Локомотива 4, Братство 1.