Еспањол му го нанесе првиот пораз на Реал Мадрид во Ла Лига (видео)

144

Тимот на Еспањол го совлада Реал Мадрид со 2:1 во меч од 7.коло на Ла Лига што воедно е прв пораз за „кралевите“ оваа сезона во најсилното шпанско првенство, додека за „папагалите“ ова е втора победа.

Раул Де Томас во 12.  минута донесе водство за Еспањол, а на 2:0 зголеми Алеш Видал во 60. минута. „Кралевите“ само го намалија резултатот преку Бензема во 71. минута.

Поразот му дава шанса на Сосиедад со триумф да скокне на чело на табелата доколку го совлада Хетафе во гости.

ПретходноФудбалска фешта во Кадино (Фотогалерија)
СледноЛема и Џепкосгеи победија на лондонскиот маратон