„Играч на Сити да го направеше истото како Милнер, сигурно ќе добиеше црвен картон“

329

Ливерпул и Манчестер Сити одиграа 2-2 на „Енфилд“ во рамките на 7. коло во Премиер-лига. Веднаш по завршување на овој дуел, тренерот на „граѓаните“ Пеп Гвардиола имаше интересен коментар, кој привлече големо внимание.

На шпанскиот стратег најмногу му засмета спорната ситуација од второто полувреме кога Џејмс Милнер требаше да добие втор жолт картон поради прекршок на еден од фудбалерите на Сити.

„Тоа е втор жол картон. Без сомнение беше жолт картон, но тоа е Енфилд, тоа е Олд Трафорд…Во една ваква ситуација да беше играч на Сити сигурно ќе добиеше црвен картон“, коментираше Пеп.

Ливерпул е на второто место на табелата со 15 бода, додека Сити е трет со бод помалку.
ПретходноИ Димитар Тодоровски приклучен на младите
СледноИбрахимовиќ сам си честиташе роденден со „играчка“ од 400.000 евра