Покрај Иван Николов попладнево уште еден играч за врска се приклучи на младата репрезетација на Македонија. Станува збор за Димитар Тодоровски, членот на Работнички, кој како и Николов, добива дополнителна шанса по неколкуте откажувања од првичниот список на селекторот, Драган Канатларовски.
Агон Елези и Енис Фазлагиќ, се двајцата играчи за врска на кои предводникот на оваа репрезентација не може да смета во овој момент, па затоа селекторот Канатларовски имаше дополнително работа, повика нови играчи.
Тодоровски има селекциите У19, но има и У21 искуство од претходните собири.