Додека Мбапе и Нејмар промашуваа, Рен ја искористи својата шанса и замина на полувреме на дербито на 9. коло во Лига 1 против ПСЖ со предност од 1:0.
Досега непоразениот во француското првенство, ПСЖ, одигра добро прво полувреме, направи неколку одлични шанси, но напаѓачите не беа на висина на задачата. Казната стигна во 45. минута кога Лаборде ја стресе мрежата на Донарума.